Многу е едноставно: Или сакај ја или остави ја!

Loading...

Нејзе не и е потребен некој, таа си е сосема океј кога е сама. Немој да мислиш дека играњето игри ќе ја освои или ќе ти донесе нешто освен оддалечување од неа.
Можеби си сладок, но нема да ја измамиш. Да, таа ќе те запознае, таа ќе излезе со тебе неколку пати.
Но, во моментот кога ќе почувствува дека губиш интерес или дека не ја цениш – таа веднаш ќе си замине.
И нема ниту еднаш да се заврти назад.
На неа не и е дојдено до полноќни повици и сигурно нема да биде со некој само колку да биде со некој.


Таа знае колку вреди и сосема е задоволна со тоа да биде сама се додека не го најде вистинскиот човек.
И воопшто не е комплицирано. Се додека вложуваш труд и покажеш дека сакаш да бидеш дел од нејзиниот живот – многу лесно ќе ти оди со неа.
Но, таа досега била често повредувана, особено од типови кои сакаат да играат игри. Таа нема повторно да оди по тој пат.
Некои луѓе можеби ја гледаат и мислат дека е ладнокрвна, но тоа не е вистина. Таа едноставно не е дете и не сака да се замара со глупости.
Таа сака посветеност, отвореност, лојалност и искреност.
И нема ништо погрешно во тоа што знае што сака и ако не знаеш да го цениш тоа, тогаш остави ја на мир.

loading...
Loading...