“Многу сум тажна”- Џенифер Анистон искрено за тоа што МНОГУ ЈА РАЗОЧАРА

Loading...

Пандемијата на коронавирусот повторно го одложи снимањето на серијата „Пријатели“, по обединувањето на добро познатата екипа се очекуваа специјални епизоди кои треба да се емитуваат на HBO.

– Многу сум тажна што мораше повторно да го одложиме снимањето. Но, ова ни даде повеќе време да направиме сè да биде повозбудливо и забавно отколку што би било. Гледајте, ние не одиме никаде. Никогаш нема да се ослободите од „Пријатели“ – рече Џенифер Анистон во оваа пригода за странските медиуми.

Снимањето првично беше закажано за март, а потоа за мај, по што повторно беше одложено. Засега нема нов официјален датум.

loading...