Многу топло, со локален пороен дожд и грмежи попладне

Loading...

Времето во земјава денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи. Макисмалната температура ќе се движи од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе бележи вредност 7.
И во Скопје и околината, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 37 степени Целзиусови.
До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно, не особено топло и суво време.

loading...