Многу топло со температура до 41 степен, попладне можен дожд

Loading...

Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени.

loading...
Loading...