МНТ со „Последната лента на Крап“ на 19. ИФАД „Стоби“

Вечерва со почеток во 19:00 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес, во офф-програмата на ИФАД „Стоби“, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап“. 

Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма. 

Монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска. 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.