Моделот кој предизвика поделени мислења е повторно во тренд: Дали сте доволно смели да прошетате во вакви обувки?

Loading...

Кога се појавија на модната сцена, предизвикаа поделени мислења и лавина коментари. Додека едни жени ги обожуваа, други сметаа дека тие се одраз на лош стил.
Мистериозно исчезнаа, а оваа сезона се враќаат на голема врата на модната сцена и се чини дека ќе бидат еден од водечките трендови. Дизајнерите велат дека тие не се за секоја жена и дека, доколку не се искомбинираат на вистинскиот начин, можат да го уништат целиот аутфит.


Станува збор за обувки со висока платформа. Додека во текот на претходните сезони воглавно беа популарни сандали и чевли на платформа, оваа година можеме да очекуваме различни варијации на тема: од сандали, папучи, до патики и чевли со платформа како и комбинација на високи потпетици и платформа.


Исто така, она што особено ќе биде популарно е комбинацијата на отворените летни обувки со платформа со чорапи, за што модните вкусови повторно се поделени.

loading...