Модриќ останува во Мадрид? Шпанските медиуми откриваат неочекуван пресврт

Легендата на хрватскиот фудбал, Лука Модриќ (39), иако официјално потврди дека го напушта Реал Мадрид, сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата. Но, според шпанскиот портал Defensa Central, сценариото добива неочекуван пресврт — Модриќ би можел да остане во шпанската престолнина и да потпише за клубот Хетафе.

Наводно, планот предвидува и уште еден симбол на Реал Мадрид – Раул Гонзалес – да пристигне во Хетафе како нов тренер, заменувајќи го актуелниот стратег Хосе Бордалас. Двајцата би формирале ново лице на клубот од мадридското предградие.

Клучниот мотив зад можниот трансфер е личен: Модриќ има силна желба да остане да живее во Мадрид, каде што неговото семејство веќе повеќе од деценија има стабилен живот. Наместо егзотичен крај на кариерата, тој би избрал континуитет во позната средина и натпреварување во лига која темелно ја познава.

Иако се уште нема официјална потврда, оваа информација ги разгорува шпекулациите и интересот за следниот потег на Модриќ — играчот што остави длабок печат во историјата на Реал.

Пронајдете не на следниве мрежи: