Можеби не можете да летувате на Миконос, но може да ја направите оваа традиционална пита од овој остров

Loading...

Питата од кромид е нешто највкусно што ќе го пробате. Питата на која жителите на Миконос се многу горди.
Состојки за тестото:
– 350 грама брашно;
– 3 супени лажици маслиново масло;
– сол.
За смеса:
– 1 килограм овчо бело сирење ;
– 1 голема главица розов кромид, изрендан;
– 5-6 главици лук, ситно исецкан;
– 2 јајца;
– сол и бибер.


Подготовка:
Со миксер изматете го брашното со солот. Додадете малку масло и малку по малку 3/4 млака вода.
Миксирајте додека сето тоа не се соедини убаво. Обликувајте го тестото како топка и оставете го да отстои барем еден час на некое потопло место.
Во меѓувреме подгответе ја смесата:
Со виљушка изгмечете го сирењето, измешајте го со кромидот, маслото, јајцата (кои претходно сте ги изматиле), а на крајот додадете сол и бибер.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Поделето го тестото на два дела, но едниот да биде поголем од другиот.
Ставете масло во плехот земете го поголемиот дел од тестото и растегнете го во плехот така што ќе виси на сите страни од плехот.
Извлечете ја смесата и прекријте ја со помалиот дел од развиеното тесто, а потоа споете ги краевите на тестото со останатиот дел од тестото.
Веднаш исечете ја питата на парчиња.
Избоцкајте ја за да може да “дише“ и малку премачкајте ја со масло.
Печете ја еден час сè додека не добие златна боја.
Пријатно јадење!

loading...