Можен повторен обид за атентат – Тајната служба сугерира: Трамп да не одржува собири на отворено

Американската тајна служба го охрабрува тимот кој стои зад кампањата на Доналд Трамп да престане да одржува собири на отворено по обидот за атентат врз поранешниот претседател на 13 јули во Пенсилванија.

Имено, претставници на тајната служба ги предупредија советниците од кампањата на Трамп да не одржуваат големи собири на отворено поради безбедносни причини, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи три лица запознаени со ова прашање, кои сакаа да останат анонимни за јавноста.

Медиумите пишуваат дека тимот на Трамп во моментов ги истражува затворените места како кошаркарските арени и други големи простори каде што ќе можат да се соберат илјадници луѓе а при тоа да се извршат сите безбедносни проверки на присутните.

Инаку, тимот кој што е вклучен во кампања на Трамп во моментов не планира да одржува големи собири на отворено, стои во извештајот на тајната служба.

Интересно е што овој извештај на кој се повикуваат американските медиуми сè уште не е потврдена неговата веродостојност ниту од таборот на Трамп, ниту од тајната служба.

Пронајдете не на следниве мрежи: