Можете ли да препознаете Македонец на плажа?

Loading...

Доаѓа лето а со тоа и планот за одење некаде на одмор по можност на море. Припремата пред тргање е сосема типично Македонска. Доколку се оди со сопствена кола се носи и приколка ама не камп туку приколка за товарање натоварена со патлиџани краставици лански ајвар јуфки тарана и околу 20 литри ракија. Кога се оди на плажа се оди пред изгрејсонце за да фане слободно место со себе се носи маси и столеви и реквизити за мезе + ракија. Само децата на Македонците до 10 годишна возраст се пиштол голи на плажа затоа што се деца. Од време на Време се дере по децата ама спопатно во дерењето им ја пцуе мајката во сите можни варијанти. МАЈМУН ЕДЕН НЕ ОДИ ВО ДЛАБОКОТО АКО СЕ УДАВИШ ЌЕ ТЕ СКРШАМ ОД ЌОТЕК. Додека мажот пие ракија и бистри политика со некој Некој друг македонец или србин и кажува колку се грците расипани а е на одмор во грција, Жената на плажа си наоѓа обично и таа некоја србинка македонка итн и прави муабет какви се комшиите од зградата или па за некоја турска или индиска серија + за на фејзбук прави околу 700 слики на ден. Доаѓа некое од децата ТАТООО САКАМ СЛАДОЛЕД ПОЧЕКАЈ ДА ЈА ДОПИЈАМ РАКИЈАТА. МАМООО САКАМ СЛАДОЛЕД, ЗНАЧИ ГОВЕДО ЕДНО ЗАРЕМ НЕ ГЛЕДАШ ДЕКА ПРАВАМ МУАБЕТ, ПОСЛЕ ЌЕ КУПИМЕ! Како и да е каде и да одите на одмор убаво да си поминете

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...