Може да се јадат неколку дена – Вкусни ќофтиња кои не се масни

Loading...

Ќофтиња од туна и немасно сирење кои имаат многу протеини, комплексни јаглехидрати и малку масти, а траат неколку дена.
СОСТОЈКИ:
2 пакувања туна во саламура (300 гр)
250 гр. немасно сирење
2 белки
100 гр. овесни снегулки
малку сол и магдонос


ПОДГОТОВКА:
Се загрева рерна на 185 степени и се става хартија на плех.
Се става цедената туна во сад со ситнето сирење, белки и сол, ситно сечен магдонос и се меша.
Се додаваат постепено овесните снегулки, лажица по лажица, да стане смесата цврста и да не се распаѓа.
Се прават ќофтиња со влажни раце и се редат на хартија.
Се печат 20 минути, готови се кога ќе добијат златна боја.

loading...