Момче и девојка тврдат дека воделе љубов на Кеопсовата пирамида

Египетската полиција отвори истрага откако на социјалните мрежи се проширија фотографии и видеа од двојка од Данска на врвот на Кеопсовата пирамида во Гиза. Момчето и девојката тврдат дека наводно се искачиле на пирамидата и имале секс на врвот.
На објавеното видео се гледаат момче и девојка како се качуваат на врвот на пирамидата, а на крај има фотографија од нив двајца како лежат голи.
Археологот Захи Хавас за Ен-би-си изјавил дека видеото е 100 отсто монтажа и фотошоп. „Нема шанси да влезете во областа со пирамидите ноќно време. Покрај тоа, камењата што се гледаат на видеото не се камења на големата пирамида, многу се мали“, рекол тој.

Видеото го објави фотографот Андреас Хвид кој во неговото портфолио има бројни голи фотографии направени на покриви или кранови од кои се гледа панорама на градовите кои тој ги посетува.
Истражителите рекле дека прв чекор во истрагата е да се утврди дали снимките се веродостојни.

Loading...