Моника Белучи за стареењето: Не сум опседната со изгледот и годините

Loading...

Моника Белучи е ѕвезда на насловната страница на неодамнешното издание на The Sunday Times Style, за кое зборуваше за стареењето, одржувањето на изгледот, но и прифаќањето на сопствените години.
„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин“, рече таа во новото интервју за Sunday Times Style.
Коментирајќи го својот изглед, таа откри дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, наместо тоа преферира вино и тестенини и повремени пилатес сесии. Сепак, малку „вежба“ и следи диети, но само кога треба и во разумни граници.
„Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин“, рече таа.
„Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, објаснува Белучи.


Коментирајќи го своето искуство како 50-годишна „Бонд девојка“ во Spectre, италијанската актерка истакна дека нејзиниот кастинг означува „голема промена“, додавајќи дека „има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин.“
Таа рече дека „кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно“, но дека животот продолжува и дека треба да се справиме со староста.
Белучи зборуваше и за ќерките и за односот со поранешниот сопруг Венсан Касел, од кој се разведе во 2013 година, а оттогаш поранешната двојка го најде ритамот на заедничко родителство.
„Ние сме одвоени долго време, но во исто време кога сте родител, вие сте родители доживотно“, рече Белучи.
Како мајка која доживеала тешки аспекти на славата, Белучи рече дека не сака да ги учи своите ќерки да бидат во постојан конфликт со мажите. На крајот актерката изјави дека е благодарна што како тинејџерка не почнала да работи во филмската индустрија, но и дека тоа е „прашање на среќа“.

loading...
Loading...