Монструозно: Со запалка му ги горел стапалата, па до смрт го претепал својот двегодишен син

Итлијанската полиција соопшти нови детали за убиството на двегодишното дете, кое до смрт било претепано од својот татко, пред два дена во семејниот дом во Милано. На убиецот, А.Х. (25) по потекло од Хрватска, татко на четири деца, му е одредена мерка притвор. Истражниот судија рекол дека не постои опасност од бегство, но дека А. Х. би можел повторно да изврши убиство.
Обдукцијата на починатото дете е закажана за следната седмица и таа треба за да ги потврди шпекулациите дека таткото и претходно физички го малтретирал детето. Тоа што е откриено за време на истрагата е монструозно. Иако кога го нашле мртвото дете на креветот инспекторите прво мислеле  дека таткото му ги врзал нозете за да го спречи да се движи, наскоро сфатиле дека мајката му ставала газа на стапалата бидејќи А.Х. му ги горел со запалка!
Повредите од изгореници, очигледно, биле неподносливо болни за детето, бидејќи цела ноќ пред убиството неутешно плачело. Наместо да го освести, плачот на детето уште повеќе го разбеснел неговиот татко, кој посегнал по хашиш за да се смири. Но, бидејќи детскиот плач му станувал сè понеподнослив А.Х. одлучил да го претепа својот син.
– Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте ми, не сакав да го убијам. Го испушив хашишот, но бидејќи никако не можев да заспијам станав и го удрив. Кога видов дека не дишев, не мислев дека го убив, рекол убиецот во својата одбрана пред Јавниот обвинител.
Освен сега починатото дете, А.Х. и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на три и едногодишна возраст, кои биле згрижени од Центарот за социјална работа, додека еден постар син им живее во Хрватска.