Морина си замина на Косово

Loading...

Неколку часа, откако Врховниот суд го потврди решението на Кривичниот суд дека нема услови екс командантот на ОВК да биде екстрадиран во Србија, неговиот адвокат, Насер Рауфи за ТВ “Канал 5“ кажа дека тој е на пат кон Косово.
Тој открива дека Кривичниот суд му го укинал притворот и му го одзел британскиот пасош, како мерка на претпазливост, но не и косовскиот пасош, со оглед дека Морина има двојно државјанство, пренесе “Канал 5“.
Решението на Судот предизвика незадоволство во Србија, па српската министерка за правда рече дека со оваа одлука се покажало дека во Македонија политиката е над правото.

loading...