МОСКВА ГОРИ ПОРАДИ ПУТИН – ПОЧНАА ПРОТЕСТИ, УАПСЕНИ НАД 500 ЛИЦА: Погледнете ги видеата, и полицијата употребува СИЛА!

Луѓето во Москва излегоа на улиците во знак на протест поради најавата за делумна мобилизација за обезбедување повеќе војници за војната во Украина.

МОСКВА ГОРИ ПОРАДИ ПУТИН – ПОЧНАА ПРОТЕСТИ, УАПСЕНИ НАД 500 ЛИЦА: Погледнете ги видеата, и полицијата употребува СИЛА!

Откако рускиот претседател Владимир Путин во средата најави делумна мобилизација, во вечерните часови, луѓето во Москва почнаа да се собираат во групи и да протестираат на улиците, незадоволни од одлуката на претседателот.

Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, луѓето скандираат „Русија без Путин“ и градат жив ѕид. Судејќи по видеата, има многу полиција и ги апси и ги влече оние што излегоа на протест.

Да потсетиме, набргу откако Путин нареди делумна мобилизација на населението, на интернет се појавија видеа од протести од другите поголеми градови во Еусија, имено Новосибирск, Иркутск, Томск и други.

Според информациите на агенцијата АП, повеќе од 530 Руси биле уапсени во антивоените протести во дури 30 градови, меѓу кои и Москва и Санкт Петербург.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.