Моќна комбинација од само 2 состојки: Старински рецепт кој го зајакнува имунитетот, спречува воспаленија и штити од вируси

Loading...

Ублажете ги лутината и мирисот на лукот и засилете ги неговите лековити својства до максимум со овој испробан традиционален рецепт.
И медот и лукот имаат извонредни медицински ефекти и многу се корисни за здравјето и за зајакнувањето на целиот организам, но вкусот не им е на сите по волја.
Ако го направите овој ферментиран лук, ќе добиете одлично средство за борбата против вируси, настинки и грип, како и за зајакнување на имунитетот, само со помалку лутина и не толку тежок мирис.
Најтешката работа, секако, е чистењето на лукот, а ќе ви треба доволно за да ја наполните теглата до отприлика една половина или три четвртини. Тоа најбрзо ќе го направите тоа ако секое чешне го лупите со острата сплосната страна на ножот – така наjлесно ќе се излупи, Притоа, ќе испушти и малку сок.
Наполнете ја теглата и прелијте ја со мед, па затворете ја и оставете ја на темно и студено место. Повремено превртувајте ја теглата – свртете ја надолу, па повторно нагоре.
Процесот на ферментација започнува благодарение токму на сокот од лук. Под теглата ставете тацна, во случај да „претече“ малку од мешавината.
За само една недела ќе се појават меурчиња на површината, а ферментацијата трае околу еден месец, кога веќе ќе можете да го консумирате лукот – тој ќе биде многу помек и повкусен, а позитивните својства на овој народен лек се немерливо големи.

loading...