МОЌНИТЕ ГЕРМАНСКИ ХАУБИЦИ ПО САМО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА УКРАИНСКИОТ ФРОНТ – “КАПУТ”

Извори од Бундесверот за германски „Шпигел“ велат дека проблемот веројатно е во интензитетот на гранатирањата, а тој секако е многу висок.

Ќе се утврдува зошто се расипале толку бргу:

Според информациите од писмото од официјален Киев испратено до германското Министерство за одбрана кон средината на оваа недела, од седумте хаубици кои на крајот на јуни и беа испорачани на Украина, за да истите по интензивниот оган врз руски позиции, дел од нив започнале да прикажуваат пораки за „грешка во работењето“ и затоа им треба поправка…
МОЌНИТЕ ГЕРМАНСКИ ХАУБИЦИ ПО САМО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА УКРАИНСКИОТ ФРОНТ – “КАПУТ”

Од почетокот на руската инвазија на Украина, германските власти се на удар на критиките поради нивната неподготвеност да испратат помош во оружје за Киев, а влијателниот весник Шпигел сега објави дека дел од опремата што Берлин навистина ја испратил на бојното поле не даде вистински резултати. Конкретно, неколку самоодни хаубици, моќните PzH 2000, „откажаа“ послушност на своите оператори од првата линија и сега заради тоа имаат потреба од поправка.

Според информациите од писмото од официјален Киев испратено до германското Министерство за одбрана кон средината на оваа недела, од седумте хаубици кои на крајот на јуни и беа испорачани на Украина, за да истите по интензивниот оган врз руски позиции, дел од нив започнале да прикажуваат пораки за „грешка во работењето“ и затоа им треба поправка.

Извори од Бундесверот за „Шпигел“ велат дека проблемот веројатно е во интензитетот на артилерискиот оган, а тој секако е многу висок.

Механизмот за полнење е во ситуација кога под силен притисок ќе испукате по 100 реденици(артилериски гранати-проектили) на ден, а имаме информации дека Украинците пукале многу повеќе од тоа, вели извор од германската армија.
Едно полнење на оваа самоодна хаубица вклучува 60 проектили.

Покрај тоа, војниците на фронтот наводно се обиделе да испукаат специјални, т.н. паметни проектили на преголема далечина. Веднаш штом пристигнало писмото од Киев, Бундесверот наводно ветил дека веднаш ќе испрати дополнителна количина на резервни делови за што поскоро да се средат хаубиците. Во Берлин инсистираат дека ваквите дефекти се очекувани и разбирливи.

Германија досега на Украина и испорача седум самоодни хаубици, а најави и испорака на уште три. Пред испораката, оператори од Украина беа донесени во Германија на обука.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.