„Моjот партнер ме остави 7 недели откако се породив затоа што престанав да се шминкам“

Loading...

Преморена мајка открива дека нејзиниот партнер ја прекинал врската 7 месеци откако се породила заради сосема неоправдана причина.
Ја пренесуваме нејзината исповед која ја споделила со други мајки на интернет:
„Мојот син не спие добро и се буди на секои 2 часа, а некогаш е буден од 12 на полноќ до 7 часот наутро и јас сум таа која што држи ноќна смена, ја чистам куќата, ги завршувам сите обврски додека преку ден детето спие, па дури и го занимавам кучето и очигледно, немам време да се нашминкам и средам.
Ми рече дека веќе не ме сака и дека работите се промениле откако детето се роди. Јас не сум се трудела воопшто околу мојот изглед, а посебно се налути што не сум се шминкала и бричела веќе. Не можам да ја бричам бикини зоната бидејќи раната од царскиот рез уште не е добро зарасната.
Кога тој си доаѓа од работа, си прави нешто за јадење, седнува 10 минути со нашиот син и потоа си наоѓа друга занимација или излегува некаде. Едноставно немам време да се шминкам и бричам секој ден! А, дури и да имав, ќе одберев да правам нешто друго наместо тоа.

Направи да се чувствувам ужасно за себеси. Вели дека не сум приврзана и страсна и дека му го вртам грбот навечер, но јас го сместувам синот во креветчето кое стои до мене и потоа мислам дека е злобно него да му го свртам грбот за да се посветам на партнерот (што ако ќебето си го стави преку глава или нешто такво се случи).
Едноставно сум загрижена бидејќи првпат сум родител, а тој не го разбира тоа и се жали дека во првите неколку месеци не добил внимание и целото внимание оди кај НАШИОТ син. Па веројатно тоа ме прави добра мајка, не може да ме обвини за тоа.“
Мајките пред кои ја споделила приказната биле ужаснати од неговото однесување, со оглед на тоа што мајките имаат многу обврски во првите неколку месеци, па не им е дојдено до некои работи и мора да постои трпение.
Што мислите вие?

loading...