Мрачната страна на секој хороскопски знак – Која е твојата?

ОВЕН – опседнат со смртта
Прв на листата и веднаш започнуваме со нешто сосема мрачно. Овните поминуваат премногу време размислувајќи за смртта, и за нивната и за смртта на другите луѓе. Тие се фасцинирани од целиот тој спектар на животот кој е целосно непознат. Тие сакаат да знаат што ги чека по животот и ако им се прикрадете, повремено може да ги фатите како читаат приказни за луѓе кои отишле на тој свет на неколку минути.

БИК – stalker прва класа
Биковите се тврдоглави, понекогаш премногу тврдоглави, толку многу што ги надминува сите граници на нормалата. Тие имаат проблем да ги пуштат луѓето и не можат толку лесно да се помират со таа ситуација. Затоа често се преправаат. Тие буквално нема да го следат бившиот/бившата на улица (се надеваме дека нема), но одвреме-навреме ќе висат на нивните профили на и ќе се обидат да откријат што прават и дали имаат некој нов. И нема да застанат тука.

БЛИЗНАЦИ – лаже толку добро што никој не забележува
На почетокот тоа не е толку страшно, но кога ќе размислите малку подобро, ќе сфатите дека е многу страшно. Замислете само што Близнаците можат да им продадат на другите луѓе? Сите тие се одлични лажговци и никој не може да ги фати во лага, затоа што толку добро го дизајнираат, разработуваат и продаваат. Тие се способни да се убедат и себеси дека нешто што е лага е всушност вистина.

РАК – опседнат со личноста со која е во врска
Некои луѓе сакаат цел време да се слушаат и гледаат со личноста со која се во врска, секој ден, секој час, цело време. Таквите луѓе треба да бидат во врска со Рак бидејќи тоа е секако нешто што ќе им го даде овој знак. Кога ќе стапат во контакт со некого, тие стануваат толку опседнати со таа личност што не е нормално. Тие се во состојба да ги полудат луѓето со тоа што не ги оставаат сами и не им дозволуваат да дишат.

ЛАВ – сака да живее во опседната куќа
Лавот, ако го прашувате него, центар на светот и секогаш има потреба да им докажува на другите дека е најдобар, затоа што не може да замисли дека има некој што не му се восхитува. За да се докаже уште повеќе и да им покаже на сите колку е кул, неговата желба е да заспие во некоја опседната куќа каде што сите се плашат да бида. Лавот е лик од хорор филмовите кој ќе се всели во куќата, иако открил дека претходниот сопственик бил убиен таму.

ДЕВИЦА – има тајна мрачна личност
Девицата е онаа добра личност која стои цврсто со двете нозе на земја, која секогаш размислува рационално и извлекува супер логички заклучоци, Но, тоа е онаа Девица што ја гледа светот, овој знак има друга личност, мрачна и мистериозна што секој сигурно би се исплашил доколку ја дознае.

ВАГА – опседната е со убиства
Кога би погледнале што најмногу гугла и истражува Вагата, сите би се исплашиле малку. Вагите се опседнати со убиства и истражуваат разни случаи, но и откриваат како и што точно се случило. Додека да трепнеш, тие залутале во некој мрачен свет на мистериозни убиства.

СКОРПИЈА – има размислувања кои најдобро е никој да не ги знае
Скорпијата се смета за најмрачниот знак на зодијакот. Постојат многу причини за ова, а една е дека тие имаат чудни и по малку вознемирувачки мисли, честопати насилни. Тој не сака такви мисли да му поминуваат низ главата, но не може да ги запре. За среќа, сè останува само во нивната глава и тие никогаш не прават нешто што навистина го мислат.

СТРЕЛЕЦ – сака да биде на гробиштата
Гробиштата не е место каде што луѓето навистина сакаат да поминуваат време, бидејќи тоа е страшно, но не и за Стрелецот. Овој знак живее за морничави места и сака да посетува гробишта, да истражува напуштени куќи околу кои кружат секакви гласини и други слични места. Тој обожава адреналин и го добива на овие места.

ЈАРЕЦ – сонува да се реши од луѓето кои не ги сака
Јарецот е многу добар во планирањето и бесрамно уништување на другите само за да стигне до својата цел. Тие не сакаат никој на нивниот пат и затоа честопати имаат не многу убави мисли во нивните глави за тоа како можат да се ослободат од оние кои особено ги нервираат и им пречат. Постојат мрачни и морничави начини како тој може да им направи што било на овие луѓе, но без страв, не е дека навистина ќе го направи тоа.

ВОДОЛИЈА – премногу размислува за погреби
Како сака да изгледа неговиот погреб, што да каже и како да се однесува кога ќе се најде на следниот погреб, овој хороскопски знак премногу го има овој настан во главата. Тој не сака луѓето да умрат, но сака да помогне на кој било начин за да им ја олесни оваа страшна ситуација на другите. Не е изненадување ако овој знак некогаш во животот отвори погребална.

РИБИ – повикува духови
Рибите се сонувачи и луѓе кои сакаат да фантазираат, затоа не е изненадувачки што се опседнати со духови и веруваат дека тие навистина постојат. Ова е личноста која секогаш ќе ви сугерира да се обидете да повикате духови. И нема да го каже тоа од шега, навистина ќе се надева во себе дека конечно ќе успее и ќе го види духот.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.