Мрачни прогнози на СЗО: Не е познато кога ќе заврши пандемијата, ставајње под контрола за 2 години од сега

Loading...

Светската здравствена организација (СЗО) не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, објави прес-службата на таа организација. 

Денес се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако во почетокот, таа организација го сметаше појавувањето на вирусот ковид-19 како пандемија со неколку жаришта, пренесува Танјуг.

– Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е со глобални напори и современа технологија, таа да биде ставена под контрола за неколку години – се наведува во соопштението.

Во него се наведува дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат себеси, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.

СЗО исто така верува дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана главно заразен на ист начин.

 

loading...