Мртви новороденчиња три години чувани во замрзнувач во болница во Краљево

Loading...

Членовите на Државната комисија за исчезнати деца пронашле 13 мртви бебиња во замрзнувачот на Општата болница во Краљево, Србија, дознава српски „Курир“.
Како што јавува “Телеграф“, се работи за мртвородени бебиња кои веќе три години се во болничкиот замрзнувач, бидејќи се чекало на одлука од Градот Краљево тие да бидат погребани.
Новооткриениот ужас отвора многу прашања, што е со родителите на бебињата, кои подотоци им се сервирани на родилките за бебињата и ако веќе тие не биле заинтересирани да ги погребаат мртвите новороденчиња, зошто Градот за толку долг период не презмел ништо. Овој случај отвора обемна работа за  членовите на Државната комисија која ги пронашла. Дали ќе има успешна развршница или ќе се заташка, како и многу пати до сега, останува да видиме.

loading...