Музејот на Фројд во Лондон бара 5 илјади фунти за реставрација на каучот на психијатарот

Loading...

Музејот на Зигмунд Фројд во Лондон бара средства за реставрација на каучот од кабинетот на кој таткото на психоанализата ги примал пациентите за што неопходни се пет илјади фунти, односно 7,7 илјади американски долари.„Ова е веројатно најпознатото парче на мебел во светот … Познатите пациенти, лежејќи на тој кауч и раскажувајќи за своите психолошки проблеми му помогнале на ја формулира теоријата на психоанализата“, забележува весникот The Guardian.Фамозниот кауч е на иста возраст како самиот Фројд, кој е роден на 6-ти мај 1856 година. Него на лекарот му го подарила богата пациентка Мадам Бенвенисти од Виена во 1890 година. Во 1938 година Фројд, спасувајќи се пред нацистичката закана, се преселил во Лондон и го донел со себе, како што тој велел, тој „исклучително удобен“ кауч. Тој останал во кабинетот на Фројд во лондонскиот кварт Хампстед и по смртта на научникот во 1939 година од рак. Во куќата до 1982 година живееше неговата ќерка Ана Фројд, кога почина, којашто ја одржуваше библиотеката и лични предмети на психијатарот, а сега таа е претворена во музеј.„Наследството на Фројд е тешко да се оцени. Неговите идеи и методи го формираа современиот свет. Многу луѓе доаѓаат во музејот во еден вид аџилак, и оваа гарнитура е директно поврзана со Фројд…“, изјави за весникот  в.д. директорот на музејот, Доун Камп.Според него, музејот најави собирање донации за обновување на каучот. Камп се надева дека бизнисмените и големите компании нема да останат рамнодушни кон проблемот на зачувување на овој редок експонат.
MaкфаксМузејот на Зигмунд Фројд во Лондон бара средства за реставрација на каучот од кабинетот на кој таткото на психоанализа

loading...
Loading...