Музичари во Мексико убиени по наредба на картелот Лос Зетас

Loading...

Масовното убиство на членовите на музичкиот колектив Kombo Kolombia во Мексико е извршено по наредба на лидерите на еден од најмоќните наркокартели – Лос Зетас, соопштија во петокот властите во северната држава Нуево Леон.

Вкупно беа убиени 17 музичари. На крајот од јануари, тие беа киднапирани од непознати вооружени лица за време на приватен концерт во градот Идалго. Тие потоа биле убиени, а нивните тела скриени на еден напуштен приватен ранч, каде ги пронајде полицијата.
Според претставникот на властите на сојузната дражва Нуево Леон, Хорхе Домен, неодамна уапсено лице осомничено за вмешаност во ова убиство ги следел музичарите по наредба на шефот на „одделот” на картелот во неколку градови во Нуево Леон.
Една од главните верзии на истрагата е незадоволството кај шефовите на нарко картелот Лос Зетас од тоа што групата Kombo Kolombia настапува во барови и ноќни клубови кои се контролирани од страна на ривалскиот картел во трговијата со дрога – Заливскиот картел.
На крајот на 2011 година, картелот Лос Зетас стана најсилниот во криминалниот свет во Мексико и под своја контрола има криминални групи во 16 од 31 сојузна држава, како и во престолнината Мексико Сити.
Mоќниот наркокартел Лос Зетас (Los Zetas), чии припадници се главно поранешни воени и полициски специјалци кои биле суспендирани заради разни престапи претходно беше ткн воено крило на сега ривалскиот наркоакартел „Картел на Мексиканскиот залив” (Cartel del Golfo), еден од најголемите наркокартели во Мексико, кој ја контролира илегалната трговија со дрога кон САД по должината на Мексиканскиот залив.
Откако во 2006 година на власт дојде сега веќе поранешниот претседател Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата, во која досега се загинати околу повеќе од 50 илјади луѓе. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелите учествува со 50 илјади свои припадници од разни родови.
Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали
Maкфакс
Масовното убиство на членовите на музичкиот колектив Kombo Kolombia во Мексико е извршено по наредба на лидерите на еден од

loading...
Loading...