Мурињо: Да зборуваме само за фудбалот

Loading...

Тренерот на Реал Мадрид, пред полуфиналниот реванш со Барселона во Купот на Кралот, рекол дека сака да говори само за фудбалот.„Расположени сме за игра, со нетрпение го чекаме почетокот на мечот, па потоа и на оној во сабота (повторно Барса), па новиот меч со Манчестер Јунајтед. Не сакам да зборувам за судиите, притисоците, симулирањата“, рекол Мурињо.Според Португалецот, дуелот во вторник е само еден обичен натпревар. „Сакам да се зборува за фудбалот, за спортскиот дух… Ова е само обичен натпревар, игравме летово, на почетокот на сезоната, сега се среќаваме повторно“, дополнил Мурињо.Тренерот на Реал Мадрид рекол дека сè уште не го знае почетниот состав, но дека го радува тоа што Бензема ќе биде подготвен да истрча на теренот.Инаку Мурињо, со цел да ги избегне провокациите врз неговите фудбалери, решил за Барселона да патува во вторник наутро, а времето до почетокот на натпреварот тој и неговите играчи ќе го минат во некој од хотелите во Барселона.Првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот, помеѓу Реал и Барселона заврши со резултат 1:1.
МакфаксТренерот на Реал Мадрид, пред полуфиналниот реванш со Барселона во Купот на Кралот, рекол дека сака да говори са

loading...