Мусака со боранија

Loading...

500 г одмрзната боранија
500 г мешано мелено месо
2-3 лупени компири исечени на кругови
1 морков
1 главица црвен кромид
3 чешниња лук
4 јајца
300 мл кисела павлака
1 лажица брашно
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Во посолена вода 15-тина минути обарете ја боранијата и исцедете ја. Испржете ги исечканиот кромид и лук. Додадете ги ренданиот морков и меленото месо. Откако месото ќе се испржи зачинете и тргнете ја тавата со филот од оган.
Јајцата изматете ги со виљушка, додадете ги павлаката и брашното, и промешајте го преливот.
Во огноотпорен сад наредете еден ред кругови компири, потоа ставете половина од боранијата, па половина од филот со мелено месо. Нанесете половина од преливот од јајца и павлака.
По истиот редослед наредете ги преостанатите состојки и печете 30 минути на 200 степени.

loading...