МФ: Направена заштеда на електрична енергија од 32 %, мерките продолжуваат и во наредниот период

26 октомври 2022, Скопје – Министерството за финансии со рационално користење на енергијата, а согласно задолженијата дадени од Владата за заштеда на електрична енергија, во септември 2022 година направи заштеди од 32 % на потрошувачката во спроредба со потрошената електрична енергија во септември 2021 година.

МФ: Направена заштеда на електрична енергија од 32 %, мерките продолжуваат и во наредниот период

Заштедата, не значи само финансиски бенефит, во период кога се соочуваме со недостаток на енергенси на глобално ниво, а особено на европското тло, тоа е придонес кон безбедно и сигурно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе овозможи периодот што ни претстои и кога има зголемена потрошувачка на електрична енергија, заради затоплување, да го поминеме во топли простории и да не се соочиме со рестрикции.

Секој може да даде придонес кон стабилноста со снабдување со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашите поединечни однесувања.

Затоа Министерството за финансии, како и остнатите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а при тоа се обезбеди заштеда од 32 %. За тоа имаат придонес и вработените со своето одговорно однесување.

Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветени за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци.

Изгаснете ги сијалиците кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, искористете ја дневната светлина, тоа штеди и на осветлување и на загревање на просторијата, компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа исто го направија нашите вработени. Во хондиците светлата се вклучуваат на сензор и се осветелени само кога е тоа неопходно. Тоа се мерките што не донесоа до 32 % пониска потрошувачка. Да продолжиме и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмалку последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е потребно.

Малата промена на навиките значи многу во оваа криза, а да се задржи комфорната зона за сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.