М-Р ВАСИЛКА ЃУРЧИНОВСКИ-НАЈДОБАР НАСТАВНИК ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

М-р Василка Ѓурчиновски, воспитувач во Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“ од Велес се закити со титулата „Најдобар наставник во поранешна Југославија“ на престижната конференција во Требиње, Босна и Херцеговина, која се одржа во периодот од 20 до 23 октомври  2022 год. На конференцијата учество земаа истакнати професионалци од областа на образованието, кои во своето досегашно професионално искуство постигнале високи резултати и се добитници на бројни домашни и меѓународни признанија и награди за својата наставна и воннаставна дејност. 

М-Р ВАСИЛКА ЃУРЧИНОВСКИ-НАЈДОБАР НАСТАВНИК ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

Голема чест е да бидеш номиниран и да ја понесеш титулата ,,Најдобар наставник од бивша Југославија” . Ова признание има големо значење за мене, затоа што е доказ дека некој го препознал целиот мој педагошки труд, труд кој е плод на долгогодишно и континуирано професионално усовршување во сферата на образованието-истакна м-р Василка Ѓурчиновски. 

Покрај м-р Василка Ѓурчиновски,  со титула за најдобар наставник се закитија и м-р Маја Георгиева Павловски, Станче Штерјовска, Хилда Димитриевска и Клементина Петрушевска. Носител на признание за директор доби Кети Стевананџија,  додека Ксенија Маказлиева Трајчева и Јелена Мандиќ добија признание Амбасадор за 5, кои редовно ги следат и промовираат сите 5(пет) конференции.

На тимот на наставници од Македонија, им беше доделена и диплома за најубав штанд на Саемот на образование, за мотивациони пораки под мотото ,,Македонија мотивира”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.