Навивачко засилување: Доаѓаат сопругите и децата на Пандев и на Ангеловски

Loading...

Надица Пандева и Тања Ангеловска, сопругите на капитенот Горан Пандев и на селекторот Игор Ангеловски заедно со децата денеска патуваат за Букурешт со експедицијата на Фудбалската федерација на Македонија. Ќе бидат голема поддршка од трибините за нашите херои кои утре против Австрија ќе го играат историскиот прв меч за Македонија на европските првенства.
Во експедиција се и семејствата на дел од останатите фудбалери и членови на стручниот штаб, заедно со претставниците на ФФМ и со бројната новинарска екипа.
Заедно сме посилни….инвазија на Букурешт.

loading...
Loading...