Навивач на Жалгирис му удрил тупаница на Руди Фернандез

Loading...

Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез, бил нападнат пред арената во Каунас по завршувањето на натпреварот помеѓу Жалгирис и Реал, кој се одигра во рамките на 10.коло во Топ 16 фазата, во Евролигата.

Раководството на Реал, со оглед на провокациите кои Фернандез ги испраќаше на првиот меч кон кошаркарите на Жалгирис, ангажирале посебно обезбедување за Фернандез, но еден навивач успеал да мине покрај обезбедувањето и да му удри тупаница на кошаркарот, кој според некои извештаи крварел од носот. Литванските медиуми пишуваат дека Фернадез бил нападнат од еден од браќата Мациус, кои се познати кошаркарски навивачи. Челниците на Реал инцидентот веднаш го пријавиле до Евролигата, додека портпаролот на Жалгирис рекол дека неговиот клуб не треба да биде казнет бидејќи нападот се случил надвор од арената.
Макфакс
Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез, бил нападнат пред арената во Каунас по завршувањето

loading...