Навикнете го вашето дете да си игра самостојно

Loading...

Детето кое поминало 18 месеци живот треба полека да стекне способност одредено време да си игра само без ваша помош. Но, ако тоа не е случај, и вие сте во улога на главен забавувач, без кој дури и не може ни секунда, тогаш е време да се сменат тактиките.
Далеку од тоа дека треба да бегате од играта со децата, затоа што во текот на играта тие може да научат нови работи и вештини, но секако треба да постојат периоди кога детето мора само да си игра, за вие да можете да си ги завршите обврските, или пак да одморите. Се разбира, мора да напоменеме дека детето мора да биде цело време под надзор, односно мора да сте во иста просторија.
Еве неколку интересни совети за тоа како да се постигне ова:
Започнете ја играта пред да се фатите за својата работа – Важно е вие да ја започнете играта и да поминете најмалку 15-20 минути во играта, пред детето да стекне доволно самодоверба и да се внесе во играта за да може да продолжи без вас. Кога сакате да се извлечете од играта по некое време, немојте да бидете премногу забавни, туку играјте одделно покрај вашето дете. Децата до три години во секој случај играат самостојно и едноставно копираат и имитираат работи што ги правите.
Пофалете го – Кога детето само игра некое време, пофалете го. На пример, „Колку убаво си играш со куклите!“ Или „Колку убаво си ја изградил оваа куќа убаво“. На овој начин ќе им дадете мотивација за да ја продолжат играта. Но, не ги прекинувајте во средината на играта, бидејќи повторно ќе го ставите фокусот на себе, а тоа не го сакате. Направете го тоа кога постои можност за тоа или кога е завршена самостојната игра.
Време за прилагодување – Ако детето не е навикнато да игра само, не очекувајте веднаш да се адаптира. Започнете со оддалечување од играта за две до три минути и продолжете со овие потези со текот на времето. Во ова време, барем за неколку минути, извршувајте задачи што треба да ги извршувате. Секое дете е различно, за некои деца е потребно подолго време, а за некои пократко.
Посебна игра или играчка за самостојно играње – Спремете ја посебната играчка со која вашето дете сака да си игра и со која може да игра самостојно, без ваше водство и помош.

loading...