Наградите на американските сценаристи за „Zero Dark Thirty“ и „Argo“

Loading...

Здружението на американските филмски сценаристи своите две најважни награди Writers Guild Awards за најдобро оригинално сценарио и за најдобро адаптирано сценарио на симултаната свеченост во неделата навечер во Лос Анџелес и Њујорк им ги доделија на филмовите „Zero Dark Thirty“ на режисерката Кетрин Бигелоу и на „Argo“ на Бен Афлек.Наградата Writers Guild of America за најдобро оригинално сценарио му припадна на Марк Боал за филмот на Бигелоу кој е  „хронолошки приказ на интензивниот американски лов на Осама бин Ладен и дрскиот напад во кој е убиен“. .„Мислам дека Бигелоу најдобро ја опиша нашата цел кога рече дека само сакавме да расветлиме една мрачна деценија“, изјави Боал запрашан по доделувањето на наградата која е пораката на филмот. „Мислам дека тоа е навистина најдоброто објаснување“, додал сценаристот.Наградата за најдобро адаптирано сценарио, пак, му припадна на Крис Терио за филмот „Argo“, приказна за иранската заложничка криза за време на исламската револуција од 1979 година во таа земја. „Никогаш досега не сум добил награда поради која ќе ме споменат по име“, изјави одушевениот Терио.Наградата на американките сценаристи на добитниците им даде нов поттик во трката за најпрестижните филмски награди Оскар, имајќи предвид дека многу членови на здружението се истовремено и членови на американската Академија за филмски уметности и науки (AMPАS) која ќе ги доделува Оскарите на свеченоста во Лос Анџелес којашто ќе се одржи на 24-ти февруари.Специјална награда за сценарио доби и сценаристот на филмот „Lincoln“ Тони Кушнер „за делото коешто го симболизира духот на борбата за граѓански права и слободи“. Овој филм е биографска драма за заложбите на американскиот претседател Абрахам Линколн за укинување на ропството, а беше во конкуренција со „Argo“ за титулата најдобро адаптирано сценарио.Филмовите „Argo“ и „Lincoln“ се фаворити за годинашната награда Оскар за најдобар фил, иако „Argo“ веќе доби одредена предност однесувајќи ги еснафските награди на американските режисери и продуценти, кои  во минатото претставуваа прилично прецизен показател за шансите за освојување на Оскарите.Наградата за најдобро сценарио за документарен филм му припадна на сценаристот на документарецот „Searching for Sugar Man“ на Малик Бенџелолу. Сценаристите на „Breaking Bad“ , ја добија наградата за најдобра драмска телевизиска серија, а пак „сценаристите на серијата „Louie“ ја добија наградата за најдобра комична серија, а серијата „Girls“ беше прогласена за најдобра нова телевизиска серија во категоријата сценарија.
МакфаксЗдружението на американските филмски сценаристи своите две најважни награди Writers Guild Awards за најдобро ори

loading...