Надал од нарко бандите го обезбедуваат 4.000 полицајци

Loading...

Мексико е држава со најголема стапка на криминал во светот, поради тоа и властите во државата на највисоко можно ниво ги подигнаа безбедносните мерки на тенискиот турнир во Акапулко.

Прв носител на овој турнир е петтиот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал, чиј секој чекор е будно следен од обезбедувањето. Имено, 4.000 полицајци, што е за три пати поголема бројка од вообичаениот број во Акапулко, се грижат за безбедноста на турнирот. Покрај полицијата, во обезбедувањето се ангажирани припадници на армијата, маринци, федералната и државната полиција, откриле организаторите. Акапулко, некогаш омилена туристичка дестинација, стана непопуларно место, кога на почетокот на месецов започна војната помеѓу нарко бандите. На почетокот на месецов, група на вооружени мажи влегла во бунгаловите на плажата при што биле силувани шест девојки од Шпанија, откако претходно напаѓачите ги онеспособиле мажите кои биле во нивната придружба.
Макфакс
Мексико е држава со најголема стапка на криминал во светот, поради тоа и властите во државата на највисоко можно ниво ги по

loading...