Надминува бројката од 30 милиони луѓе со коронавирус во светот

Loading...

Бројот на луѓе кои заболеле од коронавирус во светот надмина 30.000.000, се вели во податоците на веб-страницата на „Worldometer“. 

Над 945.000 луѓе починаа, а над 21 милиони се опоравија. 

Откако избувна епидемијата во Кина минатиот декември, таа се прошири низ целиот свет. Најголем број на случаи се регистрирани во Соединетите држави, каде има повеќе од 6.800.000 случаи, а над 200.000 луѓе починале. 

По САД се следат Индија и Бразил, а Русија има над милион пациенти. 

Во првите десет според бројот на заболени се и Перу, Колумбија, Јужна Африка, Шпанија и Аргентина, што нè води до заклучок дека ситуацијата е најкритична во Јужна Америка.

 

loading...