Над 1.400 домови уништени во земјотрес во Кина

Loading...

Во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Кина, во провинцијата Јунан, уништени се повеќе од 1.400 објекти, а оштетувања претрпеле повеќе од шест илјади домови, соопшти кинеската државна телевизија.
Претходно агенцијата Синхуа соопшти дека во стихијата целосно биле урнати околу 700 објекти.Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер беше регистриран во неделата попладне по локално време во областа Ерјуан, во провинцијата Јунан, а неговото жариште беше регистрирано на длабочина од девет километри, соопшти локалната сеизмолошка служба.Засега нема информации за смртни случаи, а повредени се 30 лица, од кои едно е во критична состојба. Вкупно во зоната што ја зафатил земјотресот живеат 130 илјади луѓе. Во моментов, во регионот кинеските власти организираат операција за доставување хуманитарна помош. Провинциски власти испратиле во Ерјуан шест илјади шатори, ќебиња, топла облека….Во последните неколку седмици јужниот дел на Кина речиси секојдневно е потресуван од земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда 4, 9.
МакфаксВо земјотресот што го погоди југозападниот дел на Кина, во провинцијата Јунан, уништени се повеќе од 1.400 објек

loading...
Loading...