Над 112 илјади убиени цивили за 10 години во Ирак

Loading...

Најмалку 112 илјади цивили загинале во војната и во терористичките напади во Ирак од почетокот на сојузничката инвазија врз оваа земја во 2003 година со која беше соборен диктаторскиот режим на Садам Хусеин, објави во неделата невладината организација Iraq Body Count.

 Сојузничките коалициските сили предводени од САД и Велика Британија го започнаа нападот на Ирак на 19-ти март 2003 година. По повод десетгодишнината од овие настани организацијата Iraq Body Count ги објави најновите податоци за бројот на загинатите цивили во борбените дејствија, како и во терористичките напади кои продолжуваат цела декада, насочени како против странските и сега ирачките безбедносни сили, така и во меѓусекташките и меѓуетничките судири кои во бранови ја зафаќаат земјата.
Според податоците на невладината организација, во Ирак во споменатиот период загинале меѓу 112 и 122 илјади цивили. Кога на тоа ќе се придодадат и учесниците во борбите, бројот на загинатите би можел да изнесува и повеќе од 175 илјади жртви.
Иако бројот на терористичките и секташките напади е значително помал во однос на најкрвавиот период од 2006 до 2008 година, насилството во Ирак и натаму продолжува да биде секојдневна појава.
„Судирот уште не е завршен, насилството и натаму е раширени”, констатира во извештајот организацијата Iraq Body Count. Според нејзината статистика, годишно во овие напади животите ги губат меѓу четири и пет илјади цивили. Најопасна е областа на и околу главниот град Багдад, а потоа следуваат покраините на северот и западот на земјата, каде што се живеат етничките малцинства од кои најбројно е курдското, а исто така припадниците на шиитското мнозинство се цел на нападите припадниците на сунитското малцинство, на коешто припаѓаше Садам Хуесин, поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Макфакс
Најмалку 112 илјади цивили загинале во војната и во терористичките напади во Ирак од почетокот на сојузничката инвазиј

loading...