Над 12 часа поголем дел од Тетово без струја

Loading...

Над 12 часа поголем дел од Тетово нема снабдување со електрична енергија поради искинат подземен кабел. Од утринава се работи на санирање на дефектот, инфомираат од ЕВН Македонија.
-Во неделата околу 18 часот е појавен проблемот со снабдување со електрична енергија. Станува збор за искинат подземен кабел – извод од трафостаница Тетово 1 лоцирана кај спортскиот центар во Тетово. Дефектот е лоциран и од утринава се работи на санирање, информираше Атанас Ковачески, портпарол на ЕВН Македонија.
Повторното приклучување на оваа трафостаница во снабдувачката мрежа ќе зависи од брзината на стигнување до кабелот и негова замена. Потребно е режење на бетонска подлога и ископ на земјата над кабелот.

loading...