Над 20 загинати во судири во северозападна Кина

Loading...

Најмалку 21 лице загина во судирите меѓу безбедносните сили и напаѓачите во кинеската покраина Ксиџијанг, соопштија локалните власти, без да го прецизираат идентитетот на напаѓачите, јави АП.Агенцијата потсетува дека во таа покраина на северозападот на Кина често се судираат Ујгурите, малцински муслимански народ во тоа подрачје, со мнозинското кинеско население.Ујгурите тврдат дека властите ги дискриминираат.Во официјалното соопштение се вели дека во судирот во градот Кашгар загинале 15 припадници на безбедносните служби и шестмина напаѓачи, а уште осум биле уапсени.Судирот започнал кога тројца напаѓачи, вооружени со ножеви, ги нападнале полицајците кои дошле да ги уапсат.Полицајците биле убиени, а зградата во која се наоѓале напаѓачите била запалена кога дошла интервентната единица на полицијата.
МакфаксНајмалку 21 лице загина во судирите меѓу безбедносните сили и напаѓачите во кинеската покраина Ксиџијанг, соопштија ло

loading...
Loading...