„Вашингтон пост“ беше потресен од бран откажувања на дигитални претплатници и серија оставки на колумнисти додека весникот се справува со последиците од одлуката на сопственикот Џеф Безос да не поддржи ниту еден претседателски кандидат.Повеќе од 200.000 луѓе ги откажале своите дигитални претплати до понеделник напладне, според две лица во весникот со познавање на внатрешните работи, објави Телеграф.Не сите откажувања стапуваат на сила веднаш. Сепак, бројката претставува околу 8 отсто од платениот тираж на весникот од околу 2,5 милиони претплатници, кој вклучува печатен тираж. Бројот на откажувања продолжи да расте во понеделник попладне.Портпаролот на корпорацијата одби да коментира, наведувајќи го статусот на The Washington Post Co. како приватна компанија.„Тоа е колосална бројка“, изјави поранешниот извршен уредник Маркус Браучли за NPR.„Проблемот е што луѓето не знаат зошто е донесена одлуката. Во основа знаеме дека одлуката е донесена, но не знаеме што доведе до тоа“, додаде тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: