– Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1-ви до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници, меѓу кои и шест смртни случаи.
Само во последната недела се регистрирани 459 нови случаи и два смртни случаи, покажуваат податоците.
- ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работиМеган Маркл и принцот Хари се повеќе се појавуваат одвоено на јавни настани,… Read more: ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работи
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозеЏастин Бибер се појави во црква со сопругата во преголеми папучи кои ги… Read more: Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозе
- Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војнаАко САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе… Read more: Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војна
- СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ„Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, Митева… Read more: СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
На почетокот на декември 2023 година, Министерството за здравство на Романија прогласи епидемија на морбили (сипаници) на национално ниво за да се овозможи вакцинација на децата на возраст меѓу девет и 11 месеци, како и на невакцинираните, во услови на алармантен пораст на случаи на мали сипаници и големиот број хоспитализации на заболени деца во детските и инфективните болници.
Според институтот, еден од двата смртни случаи е регистриран кај осуммесечно момче од областа Брашов. Детето имало коморбидитет: Прадер-Вили синдром. Вториот смртен случај е регистриран кај 24-годишен млад човек од округот Муреш, невакциниран против морбили, кој имал семеен контакт со потврден случај на мали сипаници (невакцинирано лице). Имал и коморбидитет: тешка ментална ретардација.
Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се регистрирани во 39 окрузи и во Букурешт, со најголем број случаи во окрузите Брашов (892), Муреш (849), Клуж (205), Џурџиу (212) и главниот град Букурешт (590).
Во периодот од 6 декември 2023 до 28 јануари 2024 година, според Националниот електронски регистар на вакцини, со вакцина против сипаници, заушки и рубеола биле вакцинирани вкупно 53.477 деца, од кои 8.971 биле на возраст од 9 до 11 месеци.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.