Над 75 илјади албански државјани непожелни во ЕУ

Loading...

Според податоците на Дирекцијата за граници и миграција на Албанија,повеќе од 75 илјади албански државјани се прогласени за непожелни личности во 27-те земји членки на Европската унија, објави во саботата оваа државна институција.

Директорот на албанската Дирекција за граници и имиграција, Пелумб Нако, на трибината организирана од Институтот за демократија и посредување во Тирана, на тема слободно движење на населениот, објасни дека големиот број невработени албански државјани во земјите членки на Европската унија, е токму поради незаконската активност на такви лица.
 
Овие високи бројки, како што рече директорот Нако, албанската полиција ги добила од полициите на државите членки на Унијата.
Макфакс
Според податоците на Дирекцијата за граници и миграција на Албанија,повеќе од 75 илјади албанс

loading...
Loading...