Намален суфицитот во тековната сметка на еврозоната

Loading...

Суфицитот на платниот биланс на тековната сметка на еврозоната намален е во декември на 13,9 милијарди евра, од 15,9 милијарди евра колку што изнесуваше во ноември, извести во понеделникот Европската централна банка (ЕЦБ).

За цела 2012 година еврозоната имала суфицит на платниот биланс на тековната смета од 116,1 милијарди евра, што е за 8,9 милијарди евра повеќе во однос на 2011 година, се вели во податоците на ЕЦБ.Платниот биланс на тековната сметка го опфаќа увозот и извозот на сите производи и услуги, како и сите останати тековни трансфери. Станува збор за будно следен показател за способноста на земјата да ги подмирува своите финансиски обврски.Состојбата во тековната сметка на платниот биланс ја искажува долгорочната доверба на инвеститорите и трговските партнери.
Макфакс
Суфицитот на платниот биланс на тековната сметка на еврозоната намален е во декември на 13,9 м

loading...