Намалете го ризикот да се лизнете и да паднете во кадата, под тушот или на плочките

Loading...

За да ја направите вашата бања побезбедна, ви даваме 10 совети кои може да ви помогнат во намалувањето на ризикот од падови и повреди.
На секој може да му се случи: Намалете го ризикот да се лизнете и да паднете во кадата, под тушот или на плочките
Тргнете ги малите простирки од подот во бањата
Тие се многу опасни на сите подови, без разлика дали се послани врз плочки, пархет или линолеум.
Поголемиот дел од времето, ние се грижиме за нивните бои или шари, а премалку внимание посветуваме на тоа дали се лизгаат од подлогата.
Ако не можете без килимчиња во бањата, проверете дали опачината им е направена од материјал кој не лизга или прицврстете ги со двострана леплива лента.


Спречете лизгање во кадата
Кадата или тушот секако се најлизгавите површини во бањата. Секогаш треба да имате некоја нелизгава простирка што е добро прицврстена и израмнета.
Рабовите не треба да се свиткуваат. Поставете и рачки околу кадата.
Одржувајте максимална чистота во кадата
И кадата и туш кабината, како и простирката во нив, треба да бидат целосно чисти – без траги од шампон и сапун.
На овој начин, тие ќе бидат помалку лизгави и нивната отпорност и цврстина ќе траат подолго.
Подот на бањата треба секогаш да биде сув
Ова секако не е можно кога во неа има када или туш, но треба да се преземат превентивни мерки за да се одржи подот сув.
Внимателно измерете ја висината на завесата за туширање за да не излегува од кадата или од работ на тушот. Тие секогаш треба да се навлекуваат за водата да не прска на подот.
Исто така, добра е идејата да ставите малите тегови на работ на завесите, како кај собните завеси, за тие да бидат доволно тешки и да стојат на место.


Обрнете поголемо внимание на рачките и држачите во поголемите бањи
Ова правило е особено важно ако во домаќинството живеат постари луѓе. Проверете ги природните патеки на движење и поставете ги каде и да почувствувате дека има потреба, затоа што некој може да изгуби стабилност, дури и за момент.
Осветлете ја бањата што е можно подобро
Ако имате прозорец во бањата, денски, ова прашање е решено. Сепак, во текот на ноќта, не е потребно само да се има добро осветлено огледало, што им го олеснува шминкањето на многу дами, туку и на делот од влезот во бањата или на аглите каде што се плакарите.
Можеби одговара да вметнете и мало сензорно светло како и да поставите светливи лепенки кои го олеснуваат движењето во текот на ноќта.
Никогаш не оставајте на подот од бањата нешто што инаку не стои таму – соберете ја облеката, крпите, влечките и – ставете ги на друго место.
Нагодете ја височината на ВЦ школката во тоалетот
ВЦ школката во тоалетот не треба да биде премногу ниска за кој било член во семејството. Во овој случај, станувањето од неа е тешко, затоа треба да имате соодветна школка или дополнително да поставите држачи.
Купете стол за туширање
Во домаќинствата каде живеат стари лица, таквото столче е задолжително.
Исто така, важно е да се има доколку некој од членовите на семејството има телесна попреченост или дури и минлива повреда. Секогаш е полесно да седнете и станете отколку да легнете во кадата и да излезете од неа!
Вградете туш со прилагодлива височина
Ова е важно за сите бањи што имаат корисници со различна височина. При капењето, всушност, сите непотребни движења треба да се минимизираат и треба да ви биде удобно, лесно и едноставно.
Последното нешто што сакате да го сторите е, во просторијата полна со пареа, да се мачите со тушот кој не можете да го наместите.
Ова важи и за утринско капење, кога сè уште сте сонливи, но и за вечерниот тоалет кога сте уморни и желни за сон.
Никогаш не брзајте додека се бањате!
Без оглед колку и да се трудите, бањата секогаш ќе биде лизгава. Доколку брзате, постои огромен ризик од паѓање!

Loading...