Наместо антидепресиви, лекарите препишуваат растенија

Loading...

Што би рекле доколку лекарот ви препише растение наместо лек за депресија и вознемиреност? Оваа практика почна да се применува во Манчестер, каде лекарите на своите пациенти „препишуваат“ растенија, за да им помогнат при вознемиреност, депресија и осаменост.

Идејата е пациентите да земаат билки, зеленчук или цвеќиња, да се грижат за нив, а потоа да ги вратат за да бидат засадени во заедничка градина. На овој начин, пациентите имаат можност да се приклучат кон одржување на растенијата, а потоа и во социјалните активности.

Оваа идеја се заснова на фактот дека поминувањето време во природа го подобрува расположението. Но, бидејќи лекарите се исто така свесни дека во урбаните области не секој има зеленило во близина, тие на пациентите им препорачуваат да одгледуваат растенија во затворен простор.

„Да се грижиме за нешто е одлично, особено за оние кои немаат градина и не можат да имаат домашни миленици. Растенијата се причина да се вратат и да се вклучат во активностите во нашата градина, па така создаваат нови пријатели“, вели Августа Вард од болници во Манчестер.

„Ги видов нашите пациенти да се релаксираат во градината, што потоа ги мотивира да се вклучат во други активности како што е собирање ѓубре, што е корисно за целата заедница“, вели д-р Филип Џејмс.

„Постојат многу докази дека останувањето на село околу два часа неделно во природа, меѓу зеленилото, го подобрува расположението и има добри ефекти врз физичката, менталната и емоционалната состојба“, рече д-р Рут Бромли.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...