Наместо додаток за трето дете, се воведува еднократна помош за секое новороденче

Loading...

Со измените на Законот за заштита на децата се предвидува да се бришат членовите со кои беше предвидена помошта за трето дете. Имено, се укинува додатокот за трето дете, а наместо него ќе се дава еднократна помош за секое новородено дете. Појаснувањето од Министерството за труд и социјална политика е дека не станува збор за укинување на надоместокот, туку за унапредување на правото на користење на надоместок за прво, за второ и за трето дете.
Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата кој е објавен на страницата на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР) пред да се даде на усвојување во Собранието треба прво да се разгледува на владина седница.
Со измените на Законот за детска заштита донесен во 2009. година од Владата на Никола Груевски мајката 10 години добиваше 8.048 денари додаток за трето дете. За родено четврто дете, пак, ако добива додаток за трето дете, помошта е 11.267 денари во траење од 15 години.

loading...