Наместо кафе пијте пиво за подолго да живеете

Што е поздраво? Кафето или пивото? Кога го избирате својот омилен пијалок добро размислете бидејќи според новото истражување пијалоците многу влијаат на вашите гени.

Два филџани кафе дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за 11%, а за тоа се заслужни антиоксиданските кои ги содржи овој пијалок
Наместо кафе пијте пиво за подолго да живеете

Резултатите покажале дека пивото може да има позитивен ефект на вашата ДНК, а кафето негативен. Како што се испоставило, конзумацијата на кофеин ги скратува теломерите кои се заштитни алки во ДНК низата.

Некои претходни истражувања пак покажале дека и кафето и пивото кога се конзумираат умерено, одлично делуваат на нашето здравје.

Иако е калорично, пивото помага во превенцијата од накачување килограми. Научниците докажале дека луѓето кои пијат по 2 – 3 чаши пиво дневно имаат помал индекс на телесна маса.

Два филџани кафе дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за 11%, а за тоа се заслужни антиоксиданските кои ги содржи овој пијалок.

Две чаши пиво дневно можат да помогнат во превенцијата од намалување на коскената маса кај жените кои влегле во менопауза.

Три до четири филџани кафе дневно го намалуваат ризикот од појава на дијабетес за 7% и го намалуваат ризикот од појава на инсулинска резистенција.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.