Наместо прејадување за празниците, еве одличен рецепт: Густа чорба од вргањ

Хранлива, кремаста и многу вкусна …
Потребно е:
1 главица кромид
2-3 лажици масло
300 гр свежи печурки вргањ
2 компири
1 поголем морков
1 лажица мелен сув зачин
1 чешне лук
бибер
естрагон во прав
100 мл бело вино
700 мл вода
100 мл кисела павлака
магдонос


Подготовка:
– Печурките исчистете ги, измијте ги убаво, исечете ги на листови, кратко сварете ги во врела вода и исцедете ги.
– На врело масло испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го морковот исецкан на коцкички и печурките. Кратко сите состојки заедно динстајте ги со додавање на малку вода.
– Потоа додадете ги компирите исецкани на коцки, стиснатиот лук, мелениот сув зачин, биберот и естрагонот и продолжете со динстањето уште 10-тина минути.
– Додадете ги виното, врелата вода и кратко варете. На крај додадете ја и киселата павлака.
– Пред да ја послужите во чорбата исецкајте свеж магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.