Намирници богати со цинк за силен имунитет

Loading...

Тој е присутен во сите органи, а најмногу се содржи во еритроцитите(црвените крвни зрнца), коските, мускулите, црниот дроб и во простатата, кај мажите. Цикот помага во производство на тестостерон.
Во комбинација со витамин Б го намалува производството на хистамин, што значи дека помага при алергии. Од цинкот зависат и некои од основните функции на телото, како што е зацелување на рани. Учествува и во разградување на алкохолот.
Храната богата со цинк го чува здравјето на нервниот систем. Овој минерал е важен за создавање на резерви на инсулин и ја поттикнува неговата функција.
Потребно е секојдневно да го внесувате цинкот преку исхраната бидејќи за разлика од некои други материи, телото не може да складира цинк. Човечкиот организам содржи околу 2-3 г цинк, а препорачаната доза за жените е 8 мг дневно. Кај бремените жени овој број се зголемува на 11 мг, а кај доилките 12 мг. Внесот на цинк за време на бременоста влијае позитивно на здравјето на мозокот на бебето.

Храна која е богата со цинк:
Јајца
Соја
Пивски квасец
Млечни производи – сирење, млеко и јогурт
Житарки
Школки, ракчиња, туна
Месни производи- пилешко, мисиркино, свинско и јагнешко месо
Семки – тиква, лубеница, сончоглед, чиа
Јаткасти плодови – кикирики, бадеми, ореви
Зеленчук – краставица, марула, маслинки, кромид, грашок, спанаќ, домат
Овошје – авокадо, банана, киви, јагода, праска
Какао.

loading...