Намирници кои не смеат да се најдат на вашето мени доколку имате над 30 години

Loading...

Кога ќе наполните одредени години во животот, метаболизмот забавува, а телото повеќе не функционира како претходно.
Токму поради тоа ви е потешко неколку вишок килограми да ги елиминирате, барем многу потешко отколку претходно.
Доколку го имате овој проблем, постои решение, а тоа е да го намалите внесувањето на алкохолот и да го зголемите внесувањето на зеленчукот.
Јаглехидратите можат да бидат проблем
Со годините потребата на организмот за јаглехидрати се намалува, што не значи дека целосно треба да се исфрлат од исхраната, туку треба само да ја намалите нивната употреба и да се грижите за квалитетот на исхраната. Јаглехидратите се многу важни како извор на витамини и минерали, а ги има во свежото овошје и зеленчук, житарките и компирот.
Јадете зеленчук


Започнете го денот со зеленчук, а и оброците во текот на денот нека ви бидат полни со зеленчук. Пет шолји во денот е вистинската мера која што треба да ја имате. Консумирањето зеленчук исто така го регулира нивото на шеќер во организмот како и варењето на исхраната.


Намалете го алкохолот
Прекумерното консумирање алкохол, а тоа е повеќе од една чашка во денот може да доведе до проблеми со дебелина. Тоа е така поради тоа што алкохолот го поттикнува апетитот, па може да ви се случи да јадете повеќе отколку што е потребно во текот на денот. Покрај тоа енергијата на вашиот организам е пренасочена во преработката на алкохолот, а не во согорувањето калории.
Не јадете диетална храна
Оваа храна многу често се рекламира како многу здрава и диетална храна, а всушност е полна со шеќери, вештачки ароми и засладувачи.

loading...