Намирници со најмногу трансмасти: Ова се деветте најопасни!

Loading...

Мастите се важни за здравјето, но мора да внимавате кои видови маснотии ги внесувате во телото
Мастите, исто како и протеините и јаглехидратите, се многу важен дел од нашата исхрана и мора да ги внесуваме во доволна количина за да може организмот да функционира нормално.
Сепак, постои една важна напомена: мастите треба да бидат здрави, мононезаситени, кои може да се најдат во намирници, како риба, месо, јаткасти плодови, семиња, млечни производи, мешунки…
Но трансмастите (трансизомерите или масни киселини), особено вештачките, многу се опасни. Според истражувањата, редовното консумирање производи што содржат трансмасти, можат да го скратат животниот век за пет години.
Што се трансмати?
Трансмастите доаѓаат во природен и во вештачки облик. Природни има во месо, млеко и млечни производи, но докторите велат дека не треба да се исклучуваат од исхраната, бидејќи нудат многу здравствени придобивки.
Вештачките трансмасти се создаваат за време на преработката на производите, како и при синтеза на масло. Тие опстануваат долго и тоа е причината зошто често се користат – поради нив намирниците траат подолго, подобро поднесуваат транспорт, а и поевтини се. Но посклони се на оксидација поради хидрогенизациските промени во структурата на клетки и тоа е она што ги прави опасни.
Негативни својства на трансмастите
Истражувањата потврдиле директна врска помеѓу редовната консумација на трансмасти и зголемен ризик од атеросклероза, наслаги од холестерол во крвните садови, срцеви болести и некои видови рак.


Како да дознаете дали некој производ содржи трансмасти?
За жал, невозможно е да бидете сигурни дали и колку трансмасти се користени во преработката. Тоа е возможно само со лабораториска анализа. Но можете да обрнете внимание на состојките на производот. Трансмастите се кријат зад следниве називи: хидрогенизирана маст, хидрогенизиразно масло, масти за готвење, редуцирани масти.
Овие намирници содржат најмногу трансмасти:
1. Преработени месни производи
Многу видови колбаси, виршли, шунка, сушено, димено и солено месо – речиси сите овие производи најчесто содржат многу трансмасти. Се додаваат за да се продолжи рокот на траење на производот и за да биде вкусот подобар, а бојата поубава. Дури и Светската здравствена организација ги означила месните преработки како потенцијално канцерогени.
2. Чипс и многу други грицки
Проблемот е во тоа што многу грицки се прават со помош на растителни масла. Тие сами по себе не се опасни, но со нивно загревање на многу висока температура (особено ако процесот се повторува), доаѓа до нуспојави на супстанцијата, кои имаат штетен ефект врз здравјето на срцето и на крвните садови и го зголемуваат ризикот од развој на рак.


3. Готови сосови
Главната состојка на готовите сосови се растителните масла кои поминуваат низ преработка и како резултат даваат трансмасти.
4. Одредени видови чоколадо
Колку чоколадото е поевтино толку помалку какао содржи, а повеќе масти и масла, вклучувајќи и трансмасти. Одбирајте чоколадо што има висока содржина на какао и ако е возможно, без шеќер – тоа е најздравото чоколадо.
5. Помфрит
Можеме слободно да кажеме дека ова е победникот меѓу производите со трансмасти!
6. Пржени месни медалјони
Колку се помали парчињата месо што ги пржите во длабоко масло, толку пополни се со трансмасти.
7. Готови печива и колачи
Во масовното производство на десерти најчесто се користат намирници со најмал квалитет.
8. Готови оброци од житарки
Експертите апелираат дека овој вид храна треба да се исфрли од исхраната, бидејќи е толку полна со шеќери, трансмасти и други адитиви, што нема речиси никаква корист од овие житарки.
9. Протеински плочки
Внимателно читајте ги состојки, особено ако меѓу состојките има сушено овошје.

loading...